Јавното претпријатие „Македонски шуми“ објави оглас на кој бара 407 нови вработени.
Ќе се примаат сечачи, редачи, утоварачи, истоварачи и шумски работници. Огласот за вработување е распишан на веб страницата на „Македонски шуми’. На него стои дека ќе се заснова работен оглас на определено време за дури 407 лица, а тоа треба да се случи до крајот на оваа година.
Ова јавно претпријатие отсекогаш се сметало дека служи како база за серија масовни партиски вработувања.
Врз основа на член 37 од Законот за јавните претпријатија и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор како и член 22 став од Законот за работни односи и „Службен весник на Република Македонија“, Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ – Скопје, објавува јавен оглас за засновање работен однос на неопределено време со 407 лица до 31.12. 2023 година“, се вели во огласот.
„Работните задачи за работно место сечач опфаќаат соборувсње, кроење и изработка на шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин и за работното место Шумски работник опфаќа редење, утовар, растовар на огревно дрво и градежен материјал и други работни задачи. Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 18.000 денари, за работно место Дотурач изнесува 18.000 денари, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач изнесува 18.000 денари и за Шумски работник (редач, утовар и пошумување и шумски производи) изнесува 18.000 денари“, се вели во огласот.
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 15.03.2023 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.