Metа очекува важна правна одлука што може да резултира со исклучување на Facebook во Европа.
Шефот за приватност на Ирска, Хелен Диксон, која ја предводи Комисијата за заштита на податоците во земјата (DPC), изјави за Politico дека телото „најверојатно конечно ќе донесе одлука за последната правна алатка на Facebook за испраќање лични податоци во САД“ пред Европската унија и САД да успеваат да договорат нов договор за пренос на податоци.
Се очекува ова да го остави американскиот технолошки гигант Мета, кој е сопственик на Facebook, без алатки кои му дозволуваат легално да пренесува лични податоци како семејни фотографии и податоци за геолокација во САД, кои се неопходни за функционирање на Facebook.
Можеби ќе ве интересира: Messenger по 9 години се враќа на мобилната апликација на Facebook
Мета претходно изјави дека ваквата одлука може да значи крај на нејзините услуги во Европа, вклучувајќи го и Инстаграм. Ирската одлука ќе создаде проблеми и за другите компании кои пренесуваат податоци во САД.
Главниот европски регулатор за Мета и другите големи технолошки компании со седиште во Ирска ќе има уште еден месец да ја донесе конечната одлука..
Извор: biznisinfo.mk