Растот на извозот и зголемувањето на бројот на работни места во Технолошко индустриските развојни зони - ТИРЗ продолжува и во февруари.
Како што информираат од ТИРЗ, редовната месечна анализа покажува дека компаниите во ТИРЗ во февруари реализирале извоз од над 330 милиони евра што е за 20 отсто повеќе од јануари годинава. Споредено со вториот месец во изминатите години, извозот сега е повисок за 26 отсто во однос на 2021, односно 53 отсто во однос на 2020 година, а е на исто рамниште со февруари минатата година. -Регистриран е и раст на увозот во февруари.
Компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од речиси 270 милиони евра што е за 22 отсто повисок од претходниот месец. Споредено со февруари 2022 извозот е понизок за 10 отсто, но е повисок за 11, односно 12 отсто во однос на 2021 и 2020 година. Продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со февруари е 23,5 отсто, велат од ТИРЗ.
Би можело да ве интересира: Колку изнесува невработеноста во Македонија?
Бројот на вработени во зоните во јануари, како што посочуваат, повторно бележи раст и достигна ниво од 16.500 што е за 14 отсто повисок споредено со февруари 2022.
Само во првите два месеца од годинава во компаниите во зоните се отворени речиси 190 нови работни места.
ТИРЗ ја заокружи минатата година со 2.300 новоотворени работни места и највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра, со што е 2022 година е најуспешната година од постоењето на зоните.