Производителите од млекарската индустрија незадоволни од барањето на Владата за намалување на цената на некои од нивните производи за десет до 15 отсто, но и од најавите дека доколку тоа не го сторат до 16-ти март, односно до четврток, исто како и кај лебот и нив ќе им биде замрзната ценатa, пишува telma.com.mk.
Малите и средните производители се жалат дека со ваквото намалување на цената тие ќе работат со загуби, бидејќи откако користат субвенционирана струја тие веќе ги намалиле цените.
Министерот за економија Бектеши апелираше млеко преработувачите да не им ја намалуваат откупната цена на сточарите за сметка на ваквите мерки кои ги носи владата.
Можеби ќе ве интересира: Инфлацијата во ЕУ лани 9,2%, најмногу поскапеле струјата, горивата и храната
Владата минатата недела направи анализа според која од производителите на млеко и млечни производи очекува самите да ги намалат цените на своите производи, а за неделава најави дека ќе се направи анализа според која би се направила пресметката за намалување и на цените на јајцата, шеќерот и оризот.
Од Државниот пазарен инспекторат пак најавуваат дека од четврток излегуваат на терен за да проверат дали се почитува одлуката на Владата. За оние кои нема да го сторат тоа предупредуваат дека предвидени се огромни парични казни кои ќе се движат од 800 до 10 илјади евра.
Извор: telma.com.mk