Со оглед на тоа дека сѐ повеќе се зголемува бројот на седечки професии, експертите предупредуваат дека треба да се реагира уште пред да се забележат првите тегоби од долгото седење.
Според најновите истражувања, секој од нас во просек поминува околу 7,7 часа дневно во седечка положба. Секојдневното седење има многубројни последици на телото, а неактивноста е четврта најчеста причина за предвремена смрт во светот.
Овие делови од телото најчесто се на удар како последица од седечката работа:
Подгрбавеното седење на биро на почеток може да предизвикува помали болки во грбот што постепено почнуваат да се влошуваат.
Лошото држење може да предизвика стегање на ‘рбетните дискови, што може да предизвика трајни проблеми.
Она што можете да го направите е задолжително да користите тастатура што е физички одвоена од компјутерот за да не са надвиснувате над неа. Тастатурата придвижете ја кон себе, за да ви бидат лактите блиску до телото, а зглобовите испружени.
Вратот
Седењето пред компјутер е напорно за ‘рбетот бидејќи ја држите главата наведната за 30 степени, што предизвикува затегнување на мускулите што е три до четири пати поголемо отколку кога ја држите исправена.
Поради тоа, треба да го позиционирате мониторот на компјутерот така што средината на екранот ќе ви биде на исто ниво со брадата при исправена глава, а така вратот ќе ви биде во неутрална позиција.
Нозете
Ако подолго време не ги испружувате или поместувате нозете, ќе почнат да ве болат мускулите.
Таа болка на почеток е послаба, но со тек на време станува сѐ посилна.
Поради тоа, треба додека седите стапалата да ви бидат рамни со подот, а колената да ви бидат свиткани нешто повисоко од висината на колковите.
Не седете со прекрстени нозе во колената, ни во зглобовите.
Извор: kajgana.com