Македонска пошта пред колапс, дознава КУРИР.
Имено на вработените низ целата земја им доцни платата, а според нашите информации истата нема да ја земат до крајот на оваа недела.
Поради ова генералната директорка на Македонска пошта, Бујаре Абази во петок ќе има средба во владата се со цел да се обезбедат средства за плати.
Поради оваа настаната ситуација Синдикалните организации донесоа заеднички заклучок во понеделник 20.03.2023 година во 16.00 часот да организираат протест на сите вработени од Подружниците пред Влада со цел сите заедно да ја искажат нивната загриженост од состојбата во која е доведена Пошта.
Тие велат дека сериозно е загрозена нивната иднина, егзистенција, достоинство и работни места.