Уште истата вечер доживуваше силен внатрешен потрес поради погрешниот избор, па го остави домот и мажот, и стапи во машкиот манастир Октодекат под името Теодор. А додека беше во манастирот, некоја блудница го наклевети овој Теодор пред игуменот дека ја обесчестил, па игуменот ја истера Теодора од манастирот.
Блажената Теодора ова го прими мирно и цели седум години се грижеше за детето на блудницата. Потоа игуменот и дозволи да се врати во манастирот, каде таа проживеа уште две години. По нејзината смрт, игуменот виде дека Теодор е жена.
Нему му беше откриен од Бога и нејзиниот таен подвиг. А кога за нејзината смрт дозна и мажот и, и самиот стапи во манастирот Октодекат и остатокот од животот го помина тука. Блажена Теодора се уполои во 490 година. Денеска не треба да се шие, да се пере и да се постилаат алишта. Се верува дека девојките кои ќе го направат спротивното ќе останат без среќа и пород, а машките ќе бидат неуспешни.
news24.net.mk