Соопштение на Синдикат на полиција во Македонија
Барање за повисоки плати – ИТНО!
Најнапред да го поздравиме покачувањето на износот на минималната плата во Република Македонија на 20.100 денари. Добро е да има покачување иако е тоа премалку за жал.
Но, се поставува прашањето кое сите нас во Полицијата не интересира- КОЈА Е
ПРИДОБИВКАТА ОД ОВА ПОКАЧУВАЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР???
Бидејќи самонаречениот и самопрогласениот за „единствен” МПС толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивни збор „социјален дилалог” не прават ништо за ова прашање и како Синдикат јавно побаравме да го објават износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА за да се знае колку е основната плата во Полицијата. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА НА ПОЛИЦАЕЦ во моментов е ни помалку ни повеќе туку 15.000 денари.
Затоа како Синдикат БАРАМЕ уште од МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 ГОДИНА:
– ПЛАТИТЕ НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МВР ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА 10%,
– ОД МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 ГОДИНА ДА СЕ ВРАТАТ ЗАКОНСКИТЕ 32 ЧАСОВИ МЕСЕЧНА РАБОТА ПОДОЛГА ОД ПОЛНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ.
Зголемувањето на платите за 10% почнувајќи од месец Април 2023 година ГО БАРАМЕ И ПРЕДЛАГАМЕ да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет.
Да направиме/те од професијата „Полицаец” една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава”!
ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!