Официјални лица на Пентагон во нацрт-документот минатата недела изјавија дека вонземјаните можеби го посетуваат Сончевиот систем и испраќаат помали сонди за истражување, како што прави НАСА кога истражува планети.
Нацрт-истражувачкиот извештај, напишан од Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за резолуција на аномалии на сите домени (AARO) на Пентагон и Абрахам Лоеб, директор на Одделот за астрономија на Универзитетот Харвард, наведува дека вештачки меѓуѕвезден објект потенцијално може да испрати бројни мали сонди во лет веднаш до Земјата.
„Таа операција не се разликува многу од мисиите на НАСА. Тие таканаречени „семиња од глуварче“ можат да се одвојат од главното летало со гравитационата сила на Сонцето или со способноста за маневрирање“, изјавија експертите, објави „Њујорк пост“.
AARO е формиран во јули 2022 година и е одговорен за следење на објекти на небото, под земја и во вселената, и потенцијално објекти кои можат да се движат од една реалност во друга.
Во 2005 година, американскиот Конгрес ја задолжи НАСА да пронајде 90 отсто од сите објекти блиску до Земјата поголеми од 140 метри, по што беа создадени телескопите Pan-STARRS.
Во октомври 2017 година, Pan-STARRS откри необичен меѓуѕвезден објект подоцна наречен Оумуамуа, или извидник на хавајски.
Објектот бил во облик на пура, се појавувал исправен и патувал од Сонцето и не покажувал трага, поради што некои научници веруваат дека бил вештачки.
Три години подоцна бил откриен уште еден објект кој не оставал „опашка“.
Извештајот исто така вели дека шест месеци пред Оумуамуа да се приближи до Земјата, меѓуѕвезден метеор широк околу еден метар паднал на Земјата и имал сличен облик на Оумуамуа.
„Со добар дизајн, таквите мали сонди можат да стигнат до Земјата или до Сончевиот систем за истражување додека матичниот брод минува на растојание од Земјата-Сонцето, како што беше случајот со Оумуаму. Астрономите не можат да ги откријат минисондите бидејќи тие не рефлектираат доволно сончева светлина за телескопите да ги забележат“, додаваат авторите.