Пратениците во Собранието ќе одлучуваат дали граѓаните кои го прекршиле полицискиот час или карантинот за време на Ковид пандемијата ќе одат во затвор или ќе добијат условна казна. Предлог законот за амнестија помина во Комисијата на политички систем и односи меѓу заедниците, отвори дилеми што е со оние кои имаат одлежано затвор или платено казна за истото дело...
Законот е дискриминациски по повеќе основи, смета пратеникот Милошовски. Судовите во земјава за исто дело изрекувале различни парични казна. Просечна парична казна од 620 евра пресудувале во скопскиот Кривичен суд, додека во судот во Тетово одредувале казна од 120 евра. Ако не помине оваа законско решение 1.300 лица ќе мора да одат во затвор бидејќи ги прекршиле мерки во Ковод пандемијата, а не ја платиле изречената законска казна, а во затворите нема место.
Владејачката партија не гледа одговорност ниту во Министерството за внатрешни работи, ниту во Министерството за правда.