Неодамна една мајка предизвика жестока дебата со своето видео на ТикТок во кое тврди дека на вработените мајки им е полесно отколку на оние кои остануваат дома со децата.
Една мајка неодамна предизвика жестока дебата на социјалните мрежи. Имено, во видеото кое го објави и кое за кратко време стана вирално, објасни зошто мисли дека на вработените мајки им е полесно отколку на оние кои остануваат дома и се грижат за децата.
„Сакам да ви кажам нешто што вработените родители сигурно не сакаат да го знаат родителите што остануваат дома. Одењето на работа е многу полесно отколку да останете дома со децата, а еве зошто. Во работните денови, кога треба да одам на работа, слушам музика, пијам кафе, шетам низ градот. Одам во канцеларија, разговарам со други возрасни. Поконкретно, користам други делови од мозокот, кои не се користат кога сум дома со децата, а потоа можам повторно да патувам накај дома слушајќи музика сама. Но, тогаш ми недостигаат моите деца и едвај чекам да ги видам кога ќе се вратам дома, а и тие едвај чекаат да ме видат мене“, вели таа.
Можеби ќе ве интересира: Еве кој зема најголема плата во Македонија
Кога станува збор за мајките „домаќинки“, таа тврди дека им е многу потешко бидејќи можат да поминат денови без нормален човечки разговор.
„Од моментот кога ќе ги отворите очите наутро до моментот кога ќе ги затворите пред да заспиете, мора да бидете 100% вклучени во сè. Тоа е постојан судир, тоа е постојана потреба на сите други освен на вас, децата ви викаат, вие им викате на децата и сѐ се врти околу тоа што треба да направите за некој друг“, објаснува оваа мајка, која тврди дека на мајките кои ги чуваат децата и не одат на работа, тешко дека имаат време да размислуваат за нешто друго освен за нивните обврски поврзани со децата или за егзистенцијата.
Нејзината објава предизвика различни реакции. И додека некои целосно се согласуваат со неа, други мислат дека не е во право.
„Ова не е точно во мојот случај, комуникацијата со возрасните е премногу исцрпувачка за мене”, „Ова е делумно точно, но исто така многу зависи од видот на работата на мајките. Некои работни места се буквално бурен пекол и нема пауза помеѓу, тогаш мора да е уште потешко“, се само дел од коментарите на корисниците на TikTok.
Извор: majkaidete.mk