Извршниот директор на Smarkets, Џејсон Трост им дозволува на своите вработени сами да изберат колку сакаат да бидат платени
Smarkets е обложувачки стартап со седиште во Лондон кој во јавноста стана познат по тоа што им овозможува на вработените сами да си ја избираат својата плата.
Системот функционира по принципот на социјален консензус така што информациите за плата на секој вработен се објавуваат во интерната мрежа на компанијата.
Оваа невообичаена практика, директорот Џејсон Трост ја претставил пред околу три години, а идејата настанала како резултат на стремежот на компанијата за максимална транспарентност.
Сметам дека станува збор за фер систем бидејќи на луѓето им дава до знаење дека тие ја контролираат работата и позицијата во која се наоѓаат, - вели Џејсон Трост за Бизнис Инсајдер.
Во Smarkets, платите не ги одредува највисокото ниво на менаџмент – напротив, секоја личност избира колку сака да биде платена за потоа колегите да одлучат дали таа го заслужува тој износ. Секој износ се објавува во интерната мрежа за комуникација на компанијата, а вработените имаат право 2 пати годишно да преговараат за нова сума.
Во Македонија, вработените немаат проблем јавно да го кажат износот кој го заработуваат бидејќи на нашата анкета Кога станува збор за платата, дали кажувате колку земате? дури 70% се изјасниле дека немаат што да кријат од кои 34% би ја кажале својата плата само на најблиските.
Од друга страна пак, вработените не покажуваат интерес да ја знаат платата на своите колеги бидејќи на една друга анкета Дали сакате да знаете колкава плата земаат вашите колеги? мнозинството (38%) се изјаснило дека тоа е лична работа.
Одговорете на нашата најнова анкета: