Ова се најчесите симптоми кои ги игнорираме
Срцевиот удар е последица на затната корнарна артерија каде доаѓа до нагло прекинување на протокот на крв. Тој може да се случи во било кое време, и затоа е многу важно доколку успеете да препознаете било кој од раните знаци, веднаш да побарате медицинска помош.
Притисок во градите
Повеќето срцеви напади инволвираат непријатност во центарот на градите кој може да трае неколку минути, или може да исчезне и потоа пак да се врати. Непријатноста може да вклучува и стегање во пределот на срцето, притисок или тежина во градите.
Непријатност во други области на горниот дел од телото
Симптомите можат да вкучуваат болка или непријатност во едната или двете раце, грбот, вратот, долната вилица или во горниот дел од стомакот. Непријатноста е многу почеста во левото рамо, но понекогаш може да се манифестира и во десното.
Отежнато дишење, односно краткотрајност на здивот
Кога срцето не добива доволно крв тоа значи дека белите дробови добиваат кислород помалку од нормалното. Недостатокот од воздух се случува и кај мажите и кај жените најчесто до 6 месеци пред срцевиот удар. Доколку наидувате на проблем со дишењето, потребно е веднаш да го посетите вашиот лекар бидејќи тоа може да значи приближување до срцев удар.
Препотување со ладна пот
Еден од раните предупредувачки знаци на срцевиот удар е облевањето со студена пот. Овој симптом почесто ги погодува жените и може да се случи во било кое време од денот или ноќта.
Општа слабост и константен замор
Кога артериите се стеснати, срцето прима помалку крв и поради тоа неговата работа се одвива потешко. Доколку заморот не е поврзан со физичка или ментална акивност, а истиот се зголемува кон крајот на денот при што кулминира со неможноста да се вршат и наједноставните задачи, можеби е време да посетите доктор.
Меѓу другите знаци може да бидат и забрзана или неправилна срцева работа, мачнина, гадење, како и нагони за повраќање.
Ризик фактори за срцев удар се: мажи над 45-годишна возраст и жени над 55 години, пушењето, високиот крвен притисок, дијабетесот, семејната историја на срцеви удари, недоволната физичка активност, дебелината и стресот.
Според статистиките, повеќе луѓе кои доживела инфаркт ги имале овие симптоми еден месец пред инцидентот. Важно е да не игнорирате никаква невообичаена болка или непријатност која трае подолго време.