Безбедноста на телефонот е нешто што е важно за секого, но кај некои мобилни телефони има грешки кои не зависат од самите корисници, туку се предизвикани од фабрика.
Во рамките на проектот Google Zero беа објавени модели на телефони кои најчесто се на мета на хакерите токму поради ваквите грешки, пишува Index.
Како дел од проектот, беше откриен баг во модемите на Exynos произведени од Samsung, што им овозможува на хакерите да ја преземат контролата врз уредот без интеракција со корисникот.
Сè што им е потребно на хакерите е телефонски број, поради што овој тип на хакирање се нарекува хакирање без клик (no-click hack). Ова е список на потенцијално компромитирани телефони:
- Телефони од серијата Samsung S22, M33, M13, M12, A71, A53, A33, A21, A13, A12 и A04
- Телефони од сериите Vivo S16, S15, S6, X70, X60 и X30
- Сериите на Google Pixel 6 и Pixel 7
- Сите уреди кои користат користат чипсет Exynos W920
- Сите возила кои користат чипсет Exynos Auto T5123
Со цел да се елиминира ризикот, корисниците треба да исклучат Wi-Fi calling и услугата VoLTE во поставките на уредот.
Корисниците на телефоните на Google Pixel мора да го ажурираат својот телефон на најновата верзија, објавена овој месец. Ажурирањето вклучува patch за проблемот.