Туристите и локалните жители кои се движат во реонот на Стариот град на Будва и по улиците во костим за капење или без парче облека ќе бидат казнети со 200 евра.
Годинава во Сплит и Дубровник стапи на сила новата одлука за комунален ред, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците бидејќи ако ги фати комуналниот ред, ќе биде казнети со 150 евра. Ваква одлука донела и Будва, поконкретно, туристите и мештаните кои во костим за капење или без дел од облеката се движат во реонот на Стариот град на Будва и по улиците ќе бидат казнети со 200 евра.
Ова се наведува во предлог-одлуката за комунален ред, која помина на јавната расправа. Секретаријатот за комунални и станбени работи соопшти дека со предлог-одлуката во член 39 став 1 точка 8 е дефинирано дека е забрането да се шета во костим за капење или без парче облека во староградското подрачје и градските улици, освен во просторот за капење.
„Во членот 79 став 2 е предвидено дека за сите прекршоци од член 79 став 1 со парична казна од 200 до 1.000 евра ќе се казни одговорното лице во правно лице, односно деловно друштво и физичко лице“, се наведува во соопштението. .
Надзор над спроведувањето на оваа одлука ќе врши органот за комунални работи.