Оставете добар прв впечаток преку избегнување на овие клишеа и празни зборови
Кога станува збор за составување на CV, зборовите кои ќе ги исклучите можат да бидат подеднакво важни како и зборовите кои ќе ги вклучите. Голем број на кандидати користат излишни фрази и празни зборови имајќи за цел да го импресионираат регрутерот, но многу често ефектот е спротивен.
Безначајните фрази не само што не ја претставуваат вашата вистинска вредност пред работодавачот, туку може да предизвикаат и иритација кај оние кои го разгледуваат вашето CV. Ако имате во план да направите CV коешто ќе ви помогне да бидете забележани, никогаш не ги употребувајте следните фрази.
“Hard working”
Доколку ја напишете оваа фраза во вашето CV, никого нема да убедите дека вие сте навистина вреден работник бидејќи неа ја има во скоро секое CV.
Наместо да ја повторувате истата фраза одново, наведете пример кога сте истрчале екстра милја за некој претходен работодавач.
Индивидуален и тимски играч
Ако сакате да докажете дека можете да работите самостојно, но и дека сте спремни да придонете за тимот, најдобро е да го направите тоа преку вистински примери.
Кога ги опишувате вашите претходни искуства, опишете ја структурата на групата во која сте работеле, како вашите соработници и колеги се потпирале на вас и секогаш нагласете го личниот успех.
Гуру
Знаеме дека со вашето CV треба да се продадете себеси, меѓутоа користењето на фрази како гуру или визионер е малку преувеличено.
Многу поголем успех ќе ви донесат зборовите како: исполнет, ефективен, ефикасен итн.
Силни комуникациски вештини
Силните комуникациски вештини се секогаш важни и потребни за сите професии, а истите ги докажувате и со начинот на изразување додека го пишувате вашето CV.
Добро структурирано CV со добра формулација, среден текст и без граматички грешки доволно говори за вашиот начин на изразување така што нема потреба од пооделно нагласување.
Ориентираност кон резултати
Уште едно клише кое ретко кога е поткрепено со доказ. Наместо да нагласувате, демонстрирајте!
Во описот на претходните работни места задолжително нагласете ги вашите достигнувања во однос на задоволство на вашиот работодавач или клиент. Кога е возможно, успехот изразете го во конкретни бројки за полесно да се увиди вашиот импакт.
Решавач на проблеми
Точно е дека оваа вештина е неминовна за било која професија, но само споменување на фразата нема да ја зголеми вашата вредност како професионалец.
Размислете за тоа кои се конкретните проблеми кои сте успеале да ги решите за вашиот работодавач и наведете ги истите во вашето CV.
Дружење со пријателите
Повторно, станува збор за фраза која ја има во секое CV и затоа нејзиното користење нема да ве истакне во однос на другите.
Ако во вашето CV планирате да вклучите секција за хоби и интерес, бидете сигурни дека тие се релевантни за позицијата за која аплицирате. Генеричните примери како: гледање филм, читање книга и пешачење нема да дадат дополнителна вредност на вашето CV.