На Германија ѝ недостасува квалификувана работна сила во областа на негата, во информатичката технологија, но недостигаат и добри занаетчии и логистичари. Според германската агенција за вработување, секоја година во оваа земја треба постојано да доаѓаат 400.000 стручњаци за да се стабилизира пазарот на трудот. А во 2021 година дојдоа само 40.000 од нив. Кога ќе се пензионира генерацијата родени во шеесеттите, проблемот ќе биде уште полош.
Пред сè, се работи за професионална работна сила за земји кои не се членки на ЕУ - и онака нема никакви пречки за граѓаните на Унијата. Постапката треба да се олесни во сите три критериуми: во признавањето на квалификациите и дипломите, при доаѓањето на професионална работна сила со работно искуство, но и за оние кои сè уште немаат договор за вработување со компанија во Германија. Ќе се издаваат повеќе таканаречени „сини картони“ на Европската Унија - дозволи за работа и престој во траење од 10 години.
Можеби ќе ве интересира: САКАТЕ НА РАБОТА ВО ХРВАТСКА?Еве кои плати и услови ги нудат тамошните работодавци!
Но, границата на очекуваниот годишен бруто приход е намален од 58.400 евра на 45.552. За лица со завршено високо образование може да дојдат и без познавање на јазикот и вообичаената проверка дали има некој од Германија или ЕУ за огласената позиција. Згора на тоа, информатичарите ќе добијат „син картон“ уште пред да дипломираат на факултет доколку веќе имаат работно искуство во својата област.
Покрај тоа, според новиот закон, на имигрантите ќе им биде можно да ја сменат својата професија: на пример, автомеханичар ќе може да премине на логистика.
Во шесте земји од Западен Балкан контингентот е двојно зголемен за од оваа година секоја година да доаѓаат по 50.000 од нив.
Со признавањето на дипломите и квалификациите - кое вообичаено траеше многу долго по поднесувањето на апликацијата, всушност целосно ќе се укине за лицата кои имаат најмалку две години работно искуство и доколку нивната квалификација е признаена во земјата на потекло. Оваа промена ќе значи помала бирократија и пократка процедура“, рече министерот Фезер. Сепак, ова важи само за професионалната работна сила која има приход над одредена граница. Но и оние кои се под таа граница ќе можат да почнат да работат во Германија додека се проверуваат нивните квалификации.
Според предлог-законот се воведува таканаречената „шанса карта“ во која се собираат одредени бодови. Со неа, луѓе со завршено високо образование можат да дојдат во Германија една година да бараат работа: критериум е познавање на германски јазик, но може да биде и англискиот јазик, возраста, работното искуство, поврзаноста со Германија, а ќе биде полесно за оние кои доаѓаат со партнер за кој има изгледи за работа во оваа земја. Всушност, во тој период ќе им биде дозволено да работат со скратено работно време - до 20 часа неделно и целосно надвор од својата професија за да можат да го платат престојот во оваа земја додека бараат вистинска работа. Дозволена е и пробна работа.
„Ќе ја направиме Германија поатрактивна за паметните умови од целиот свет. Активно ќе ја претставуваме Германија како земја на имиграција насекаде“, рече министерката Фезер.
Извор: kajgana.com