За 7,2% е намален вкупниот број на говеда лани во споредба со 2021 година.
Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, a кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е забележано зголемување за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Можеби ќе ве интересира: Македонија меѓу земјите кои консумираат најмалку месо
Бројот на свињите во 2022 година, во споредба со 2021 година, е намален за 1.9 % во двата сектора.