Од утре ќе бидат ограничени максималните цени на 11 видови овошје и зеленчук. Како што соопштија на вчерашната прес-конференција, со оваа одлука ќе бидат опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперките, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот.
Можеби ќе ве интересира: РКЕ: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Со Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, што Владата ја донесе на својата вчерашна седница, граѓаните за килограм свежи домати ќе плаќаат најмногу 70 денари, за свежи краставици 75, за килограм кромид 60, за карфиол 70, за свежи зелени пиперки 90, за грав 75, за леќа 110, за банани 70, за портокали 55, за мандарини 60, а за килограм лимони до 55 денари.
– Највисоките цени на производите посочени во оваа Одлука, во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението од владината седница.
Извор: kurir.mk