Во се повеќе земји од соседството, но и од Европската Унија доаѓа до пораст на цените на електричната енергија за домаќинствата, наспроти непроменетата цена во земјава, субвенционираната цена за електрична енергија за прехранбената индустрија и најавите за враќање на евтината дневна тарифа.
Во Хрватска од минатиот месец дел од компаниите започнаа со плаќање на поивсока цена на електрична енергија, а од „Хрватско електростопанство“ најавија дека можно е поскапување на струјата и за домќинствата поради неодржливоста на компанијата во време на високи цени на електрична енергија.
За 8 отсто ќе порасне и цената на струјата во Србија, додека повисоки цени Србите ќе плаќаат и за гасот. Ова е второ зголемување на цените на енергенсите во Србија, откако од 1 јануари струјата поскапе за 8 отсто, а гасот за 11 отсто. Покрај овие поскапувања, оваа година во Србија се очекува уште една поскапување на цената на електричната енергија во ноември, како и уште едно поскапување во мај идната година. Овие поскапување се согласно документот објавен од Меѓународниот монетарен фонд за двегодишниот ангажман.
Од април цената на струјата поскапува и во Косово за околу 14 отсто, а цените на струјата се високи и кај нашите соседи, членки на ЕУ, Грција и Бугарија. Во овие земји Владата и нивните регулаторни комисии започнуваат со мерки и програми за намалување на цените, за кои е неизвесно дали воопшто ќе имаат ефект со оглед на нивната задоцнетост.
За разлика од земјите во соседството, во Северна Македонија политиките и мерките за справување со енергетсакта криза беа донесени уште на самиот почеток и дадоа очекуван ефект со кој се заштити стандардот на граѓаните.
Насочувањето на фокусот за борба против енергетската криза во домашното производство и субвенционирањето на цената на електричната енергија на Владата на Северна Македонија се покажа како паметна и навремена одлука со која се спречија и недостатоци на струја во текот на зимата и грејната сезона, но и не се дозволи цената на електричната енергија да порасне.
Во меѓувреме, поради руската агресија врз Украина и војната која се води на тлото на Европа, цените на струјата, но и недостатоци од електрична енергија се појавија во речиси сите земји на европскиот континент.
Во земјава драстично поскапување на цената на електричната енергија немаше, а со воведувањето на блок-тарифите имаше дури и намалување за домаќинствата кои трошат рационално. Според пресметките на Регулаторната комисија за енергетика во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена 14 отсто и властите очекуваат од јули да се намали цената на електричната енергија за потрошувачите пред се поради зголеменото домашно производство и заштедата на електрична енергија.
Од Регулаторната комисија за енергетика стигнаа и најави дека од јули може да се врати и евтината дневна тарифа на струјата, откако ќе се направат сите пресметки за домашното производство на електрична енергија и големиот број на изградени фотоволтаици.