Од денес на Јадранот ќе дува орканска бура која локално ќе достигнува брзина дури до 180 км/час. Токму поради ова се очекуваат и штети а температурите ќе бидат многу ниски, невообичаено за овој период од годината.
Покрај ова особено на јужен Балкан се очекуваат и интензивни врнежи од дожд, снег но и значителна снежна покривка.
Врнежи од снег ќе има понекаде и во пониските предели од Балканот (градовите), вклучувајќи ја и западна Македонија.
Можеби ќе ве интересира: Природата прави рамнотежа – српски метеоролог објасни ОД КАДЕ СНЕГ ВО АПРИЛ!
Кај нас исто така од денес па натаму очекуваме невообичаено ниски температури на воздухот, но и засилен ветер од северен и од североисточен правец. Ќе има многу дожд, снег и значителна снежна покривка.
НАПОМЕНА: На возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку се движат низ планинските превои, и тоа поради очекуваните интензивни снежни врнежи од утре.