Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец
Најниска температура утрово беше измерена во Лазарополе и Маврови Анови -1 степен, во Крушево 0 степени, во Берово, Крива Паланка и Претор 2 степени, во Прилеп, Битола, Охрид и Тетово 4, во Виница 5, во Струмица, Куманово и Штип шест, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец 7, во Демир Капија и Гевгелија осум степени, информираат од УХМР.
Најмногу дожд наврна во Пожаране 26 л/м2, во Претор 16, во Тетово 15, во Маврови Анови 14, во Охрид и Крушево 13, во Скопје Зајчев Рид 12, во Скопје Петровец 11, во Битола и Виница 10, во Крива Паланка девет, во Тополчани осум, во Струмица седум, во Штип, Ѓуриште и Лазарополе шест, во Куманово, Гевгелија и Берово пет, во Прилеп и Демир Капија четири и во Дојран два степени.
Би можело да ве интересира: Температурата на океаните на почетокот на април е највисока во историјата
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.