„Живеењето во странство значи да си странец целиот свој живот и да заборавиш на сите пријатели, роднини и целиот систем кој не изградил во тоа што сме. Желбата да вратам дел од тоа што ми е дадено и да допринесам и јас нешто за ова општество ме мотивираше да ги оставам океанот, одличната храна и преубавите зајдисонца на Португалија и да си ја пробам среќата таму каде што потекнувам. “
Како дојдовте до идеја да основате компанија со ваква дејност?
Визијата за Data Masters е визија за компанија специјализирана во Business intelligence и Advanced Analytics, која нема да нуди само near-shoring консалтинг за светски компании, туку ќе понуди и реален консалтинг и искуство на Македонските компании и ќе го катализира процесот на траснфорамција на компаниите во data-driven компании. Оваа идеја не е нова, туку постои веќе неколку години.
Земајќи го во предвид фактот дека токму оваа година почна значително размрдување на пазарот и почна да се буди огромен интерес за областа, како од страна на ИТ експертите, така и од страна на компаните кои се повеќе ја чуствуваат потребата од подобра аналитика и поголема контрола врз своето работење, сметам дека сега е времето за почеток и се што правиме оваа година е припрема за 2019та и огромните предизвици кои не чекаат во неа.
Што е она што ве прави поинакви од другите?
Дата Мастерс, пред се се темели на своите вредности и на визијата за задржување на квалитетниот кадар заинтересиран да се развива во оваа област во Македонија. Тежнееме да бидеме компанија која пред се ке пренесе интернационален начин на размислување и работење во Македонија, ќе ги понуди најновите Business Intelligence трендови заедно со интернационално искуство и ке биде пример за компанија која ќе нуди консалтинг во Македонија, но и насекаде низ светот.
На кратко што е она што вие го работите објаснето на "народен" јазик и кој се е потенцијален корисник на вашите услуги
Генерално секоја компанија може да биде корисник на нашите услуги особено средните и големите компании. Главната придобивка од Business Intelligence е брз и лесен преглед на сите можни податоци кои ги поседува компанијата се со цел попрецизно носење на одлуки и минимизирање на можностите за грешка при истите. Многу пати се среќавам со коментари дека менаџерите имаат преглед врз се што ги интересира во компанијата, но најчесто позади сето тоа постојат луѓе кои рачно спојуваат Ексели генерирани од најразлични апликации ( CRM, ERP и сл. ), рачно прават одредени пресметки потребни за да можат да ги следат стратешките и оперативните цели на компанијата. Нашата задача е да го автоматизираме тој процес, да ги интегрираме сите извори на податоци кои ги има компанијата, без разлика дали тоа се софтвери или ексели и да креираме централна база на податоци од каде секој менаџер без никаква подршка ќе може да ги следи сите информации потребни за носење на подобри оперативни но и стратешки одлуки.
Откако податоците ќе бидат средени и точни, можеме да примениме машинско учење, со кое преку креирање на математички модели можеме да ги предвидите идните трендови.
Зошто е добро да се биде дел од вашата компанија?
Да си дел од Дата Мастерс, значи да си дел од почетокот на една нова гранка во Македонија, која за многумина е сеуште непозната, гранка која срамежливо почна да се појавува на студиските програми на факултетите и гранка која допрва ќе станува атрактивна во Македонија. Нашата задача ќе биде да покажеме дека Ексел не е единствениот начин за да се следат податоците, финанскискиот софтвер дава само дел од големата слика, да им помогнеме на сите компании да носат одлуки базирано на што е можно повеќе податоци и да им помогнеме да ги интегрираат сите софтверски апликации во една апликација специјално наменета за креирање на извештаи и ad-hoc анализа.
Кој е Филип Петровски?
Би се претставил како data enthusiast со доста разновидно искуство во областа на Data Science и Business Intelligence. Дипломец сум на ФИНКИ и имам завршено магистерски студии на Nova IMS во Лисабон на моментално најдобрата програма за Business Intelligence во светот. Паралелно на студиите имав шанса да работам на неколку интересни проекти и да го надополнам теоретското знаење со огромно практично искуство.
За среќа имав шанса да бидам менториран од колеги кои имаат повеќе од 15 години искуство во Business Intelligence и Machine Learning. Желбата да го пренесам тоа искуство во Македонија, ме мотивираше да дадам се од себе и да се вратам во Македонија, заедно со Closer Consulting, компанијата каде што работев. До пред неколку месеци, водев преставништво на Closer Consulting во Македонија каде што во последниве 2 години успеав да создадам и обучам прекрасен тим од 6 одлични консултанти кои денес работат на доста значајни проекти во Португалија.
Животот во Лисабон иако одличен со одлична храна и ноќен живот ме научи уште повеќе да си го сакам Скопје, пријателите и најблиските, па затоа секој слободен момент го користам со нив или во медитација и добра книга.
Зошто одлучивте да ја основате компанијата во Македонија а не да си останете во странство...
Живеењето во странство е едно уникатно искуство кое ни овозможува да се спознаеме себеси и да разбереме што е тоа што вистински го посакуваме во животот. Убавината на сите нас кои работиме во ИТ индустријата каде секаде во светот се бараат професионалци, е да имаме можност да живееме било каде во светот убав живот, со надпросечна плата и да ги уживаме сите благодети на државата каде што сме. Но живеењето во странство значи да си странец целиот свој живот и да заборавиш на сите пријатели, роднини и целиот систем кој не изградил во тоа што сме. Желбата да вратам дел од тоа што ми е дадено и да допринесам и јас нешто за ова општество ме мотивираше да ги оставам океанот, одличната храна и преубавите зајдисонца на Португалија и да си ја пробам среќата таму каде што потекнувам.