Кина создаде нов систем за издавање билети за воз кој може да интегрира повеќе платформи за продажба на билети од над 140 земји во светот во една единствена апликација за телефон.
Системот, кој специјални е дизајниран за нациите кои се дел од кинеската иницијатива Појас и пат, ќе ги поврзе и ќе ги рганизира тие платформи за продажба на билети, велат од кинеската компанија China Academy of Railway Sciences Company.
Новиот систем ќе користи швајцарски франци наместо долари. Сумите на билетите ќе се пресметуваат во франци за сите земји каде што ќе застане возот. Системот ќе обезбеди поддршка за функции како проверка на приходи, електронско плаќање и ликвидација.
Патнциите можат да го користат овој систем од 15 март наваму и преку своите телефони можат да купуваат билети, а Лаос е првата нација која се приклучи на платформата. Главните сервери, кои се наоѓаат во Кина, можат да процесираат барања на патници од целиот свет на повеќе јазици.
Новиот систем е изграден врз интернационалната верзија на кинеската домашна апликација за билети за возови, 12306. 12306 се најде на доста критики откако се случија повеќе крахови во 2011 година. Затоа софтверот бил редизајниран да помогне да се процесираат над 700 милиони корисници на системот, што е речиси половина од популацијата во земјата.
Тимот кој го создал новиот систем, на чело со компјутерскиот експерт Жанг Жигианг, наишол на проблем при интеграцијата на толку многу нации во една иста платформа. На пример, повеќето земји имаат различни системи за организација, многу различни регулативи и процедури за купување билети. Освен тоа, зачувувањето на анонимноста бил голем проблем.
Но, успеале да ги надминат систем. Сега системот користи отворен сосфтвер изгработен врз кинеска технологија, а искусни инженери управуваат и ги одржуваат главните сервери во исклучително строго контролирана средина.
Лаос е првата нација која се приклучи на новиот систем за издавање билети, а Виетнам, Русија, Монголија и Казахстан веројатно се следните.