„Ме исполнува овој тип на работна позиција, бидејќи ми дава инстант задоволство од секој склучен договор за соработка со новите клиенти.“
Како изгледа еден работен ден на Ана Радојковиќ, Агентот за продажба и маркетинг во Пост Експрес? Таа е млада, енергична, проактивна и полна со ентузијазам да одговори на сите барања на клиентите на оваа компанија.
1.Кога изгледа денот на Агентот за продажба и маркетинг во Пост Експрес?
Работиме во динамична средина во која во текот на денот се справуваме со исполнување на потребите на нашите клиенти во однос на начинот, времето и местото за достава на нивните пратки до примачите. Воедно секојдневно работиме на зголемување на бројот на нашите клиенти, како и промоција на нашите услуги.
2.Кога почнува, кога завршува работното време?
- Работното времe започнува од 08 до 16 часот, и сабота од 09 до 14 часот.
3.Што ве мотивира да работите во продажба?
- Јас сум проактивен човек, го сакам брзото темпо на работа, и следствено со мојот карактер и темперамент сакам креативна и динамична професија, па затоа и ме исполнува овој тип на работна позиција, бидејќи ми дава инстант задоволство од секој склучен договор за соработка со новите клиенти.
4.Колку телефонски повици дневно подразбира оваа професија?
- Немам одреден број на повици, можам да кажам дека секој нов ден ми се разликува од претходниот. Мојот ангажман е постојана соработка со постојните и идни клиенти, при што во целост им излегувам во пресрет за прашања и проблематики.
5.Како се справувате со „тешки клиенти“?
- Пред склучување на договорот со клиентите, во целост им ја појаснуваме процедура за прием/превземање на пратки, па се до нивната конечна реализација. При што разговараме и за нивниот начин на функционирање, во однос на пратките, типот на пратки, времето за достава и слично, и се трудиме заеднички да ги предвидиме идните спорни ситуации, како и да воспоставиме процедура за решавање на истите.
6.Што кога клентот сака достава „сега, веднаш“?
- Нашата компанија не врши достава со „сега и веднаш“, секоја пратка ја испорачуваме во однапред договорени термини, при што најкраткиот рок е 24 часа од приемот/превземањето на пратката.
7.Што е успешна продажба во Пост Експрес?
- Секој склучен договор и секој задоволен клиент, е успех за нашата компанија.
8.Што значи да се биде дел од тимот на Пост Експрес?
- Пост Експрес Македонија е компанија која дава поддршка, поттик и разбирањe. Компанија која се грижи за успехот и задоволството на своите вработени, каде има пријатна клима за работа и одлична меѓусебна комуникација.
Сакаш да работиш на позицијата АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ во ПОСТ ЕКСПРЕС - АПЛИЦИРАЈ НА ЛИНКОТ!
Следи ја компанијата и стани дел од ПОСТ ЕКСПРЕС