Фотографија од село од Полска последниве денови привлекува внимание на социјалните мрежи, а станува збор за Сулошова каде сите жители живеат на една улица.
Живописното место на 45 минути од Краков - селото Сулошова, благодарение на необичниот распоред на куќите на локалните жители, привлекува внимание на социјалните мрежи, а фотографиите од птичја перспектива се особено популарни во последно време.
Сулошова е всушност една од најдолгите улици во Полска и се протега на приближно 9 километри. Групи куќи и згради се протегаат покрај патот, а додека е „на земја“ не изгледа особено импресивно - од воздух претставуваат живописна панорама.
„6.000 луѓе живеат во Сулошова, Полска на една улица“, е описот на фотографијата објавена на Twitter, која е прегледана речиси 7 милиони пати.
Твитерџијата малку го погреши името на селото именувајќи го како Солушова, со сменети местата на буквите У и О. Селото се вика Сулошова, или на полски Sułoszowa.