Колку години треба да работи обичен човек за да заработи 1 милион евра? На ова прашање одговара една студија на порталот Picodi.com. Рангирањето вклучува 102 земји од сите континенти.
Студијата, која ја користи просечната плата како „мерна единица“, открива огромни разлики меѓу земјите ширум светот.
Резултатите се поразувачки за нас. На просечниот Македонец му се потребни два века да ја заработи ова сума. Да, добро прочитавте, поточно 201 година и шест месеци. Зад нас се Албанците, Турците, Аргентинците, нешто пред нас се Хрватите, Бугарите, Србите, Црногорците и Романците.
Проверете за колку години вие ќе станете милионер на mojaplata.mk
За споредба, на просечниот Швајцарец ќе му бидат потребни само 15 години да заработи „милионче“, од Сингапур 18 a oд САД 21 година за да стане милионер.
Извор: republika.mk
Линк до студијата: https://www.picodi.com/ie/bargain-hunting/become-a-millionaire