Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 отсто во однос на одлуката од 10.4.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,784 %, кај дизелот 0,639 %, кај екстра-лесното масло има намалување од 0,211 % и кај мазутот има зголемување од 1,245%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164 %
Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот (Д-Е V)“ не се менуваат.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 0,50 денари/л, а малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,330 денари/кг.
Од 19.4.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,00 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 74,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)“ – 72,50 (денара/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,409 (денар/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 19.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.