Топлотен бран зафати делови од Азија овој месец, со рекордни температури во Кина.
Поради жештините во Индија неколку лица загинаа, а на некои места училиштата беа затворени.
Претходните години Индија често беше изложена на екстремни временски услови, а експертите стравуваат дека ситуацијата оваа година може да биде уште полоша.
Во Кина, според локалните медиуми, рекордни температури за април се регистрирани во неколку области вклучувајќи ги Ченгду, Жеџијанг, Нанџинг, Хангжу и други во регионот на реката Јангце, пишува Гардијан.
Невообичаено високи температури се забележани во Југоисточна Азија, а во Лаос оваа недела се измерени рекордни 42,7 степени.
Во Тајланд, метеоролозите соопштија дека температурата достигнала 44,6 степени, во провинцијата Так во неделата, што е исто така рекорд за април.
Се предвидува, сепак, до крајот на неделата температурите да достигнат до 45 степени Целзиусови.
Во Дака, главниот град на Бангладеш, саботата беше најтоплиот ден во последните 58 години кога беа измерени 40 степени, што доведе до топење на асфалтот на некои патишта.