Поради продор на постуден воздух од север, денес дува ЗАСИЛЕН северен ветер, особено изразен Долж Повардарието. Сето ова ќе услови во западните и во северозападните планински предели со надморска височина од над 1400 м.н.в врнежите од дожд да преминат во врнежи од СНЕГ, токму на овие места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.
Во петок ќе почнат попладне врнежите полека ќе ја напуштаат нашата територија и ќе се преместуваат кон југоисток.
Во Скопје и околината исто така очекуваме врнежливо време, меѓутоа денес попладне и навечер врнежите ќе престануваат.
Од денес до сабота времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сонце, меѓутоа наутро ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и температурите локално ќе се спуштаат до околу, а на повисоките места и под нулата, со што ќе има услови за појава на МРАЗ.
Максималните дневни температури пак ќе бидат потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
Барем одсега гледано, за први и втори мај очекуваме нестабилно време со локална појава на врнежи и грмежи, особено во попладневните часови. Инаку и во првата седмица од мај ќе имаме потпросечни темпратури на воздухот, што значи ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното. Засега долготрајна и вистинска пролет нема на видик.
Извор: faktor.mk