Германската влада подготвува реформа на законот за имиграција и сака да го забрза доаѓањето на квалификувана работна сила. Правилото за Западен Балкан успешно ја регулира имиграцијата од тој дел на Европа повеќе од седум години.
Правилото за имиграција за шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија) беше воведено на почетокот на 2016 година, меѓу другото, за да се спречи практиката со која жителите на тие земји се обидуваат да го користат системот за азил за да добиваат работна дозвола во Германија.
Испадна дека е полн погодок: на заинтересираните им треба гаранција од работодавач во Германија, а предуслов е да немаат добиено социјални бенефиции во Германија како баратели на азил во последните 24 месеци од аплицирањето за работна виза, пишува N1.
Досега се планираше по ова правило годишно да емигрираат 25.000 работници во Германија. Сега, според желбите на делови од германската влада, таа бројка треба да се зголеми на 50.000. Досега правилото беше ограничено на една година, па истекува на крајот на оваа година.
Бундестагот првпат ќе расправа за предлогот за нов закон за имиграција со кој подобро ќе се регулира приливот на работна сила. Правилото за Западен Балкан не е дел од новиот закон за имиграција, туку е дел од одредбата за која паралелно се дискутира во редовите на социјалдемократската-зелено-либералната влада.
Министерството за труд на 27 април треба да донесе одредба според која правилото за Западен Балкан се продолжува за една година, а контингентот се зголемува од сегашните 25.000 на 50.000 годишно.
Извор: biznisinfo.mk