На 27.04.2023 во Хотелот Лимак за прв пат се случи манифестацијата „Работодавач на Годината“ во организација на првиот сајт за пребарување на работни места ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ
На манифестацијата замислена како Оскари за работодавачите, во свечена атмосфера, беа врачени статуетки на најпосакуваните компании за вработување во земјава. Беа доделени награди во 7 категории, а една компанија ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата Најпоскаувана Македонска компанија за вработување.
- Вечерва нема да има губитници, имаме наградени и мотивирани. Ќе имаме предизвикани и предизвикувачи. Вечерва сите овде присутни сме победници, затоа што заеднички испишуваме нова историја. Историја на трајни вредности, сплотеност за да бидеме подобри, поуспешни, поголеми и поквалитетни секоја следна година - изјави во својот поздравен говор Генералниот менаџер и сопственик на Вработување.ком - Дарко Велков - потвдувајќи дека наградите ќе се доделуваат секоја година како мотив, признание и потврда дека Македонија има вистински добри работодавачи кои знаат и умеат да ги градат и почитуваат вистинските вредности и со тоа да бидат пример на пазарот на труд.
На настанот на кој се одбележаа и 20 години постоење на Вработување.ком се доделија следните награди:
1. Во категоријата Приватни здравствени установи најпосакувана болница за вработување е АЏИБАДЕМ СИСТИНА
2. Најпосакуван ланец на маркети за вработување е КАМ МАРКЕТ
3. Најпосакувана странска производствена компанија за вработување е ЏОНСОН МЕТИ
4. Најпосакуван работодавач во категорија Нафтена индустрија е МАКПЕТРОЛ
5. Најпосакувана Компанија за производство на храна е ВИТАМИНКА ПРИЛЕП
6. Најпоскувана Бренд продавница за облека е ЗАРА
7. Најпосакувана БАНКА за вработување е НЛБ БАНКА
Апсолутен победник и Најпосакувана македонска компанија за вработување убедливо е АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.
Наградите најпосакуван работодавач се доделуваат врз база на три критериуми: Број на посети на огласите и објавите на сајтот Вработување.ком, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно анкетно истражување спроведено на сајтот Вработување.ком
На манифестацијата беше прогласена и компанијата со најдобра Емплоер брендинг кампања а тоа е НЕЛТ СТ.
Признанија им беа врачени и на Жито Маркети, ГрабИТ, Еко Логистик и Карго Партнер Логистикс како компании кои одлучија да го проверат задоволството на своите вработени користејќи ја алатката Пулсер.мк.
Настанот се случи во присуство на македонската бизнис заедница, сопственици на најголемите македонски компании, директори на странски претставништва, раководители на секторите за човечки ресурси, гости од регионот и лица од јавниот живот.