![Следете го во живо крунисувањето на кралот Чарлс Трети](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/5e/e760c8e5-resize-820x0x100.jpg)
По скоро 10 месеци подготовки, кралот Чарлс Трети денес ќе биде крунисан во Венстминстерската опатија во Лондон.
Би можело да ве интересира: Сите поп-ѕвезди кои одбија да настапат на крунисувањето на кралот Чарлс
На раскошна церемонија пред околу 2.000 гости, денес во Лондон ќе бидат крунисани кралот Чарлс Трети и кралицата сопруга Камила.
Службата, која се состои од пет главни дела - признание, заклетва, помазание, инвеститура и почит, скоро и да не е сменета во последниве 1000 години.
Чарлс, пак, ќе седи во столот за крунисување кој бил направен во 1300 година, и за кој се верува дека е користен при секое крунисување од тоа време до денес.