Министерството за образование, во координација со Министерството за внатрешни работи и надлежните институции, анализира некои видеа од платформата Тик Ток кои не се соодветни за возраста на децата и ги разгледуваат сите можности за ограничување на начинот на користење на Тик-Ток како апликација.
Министерот за образование Јетон Шаќири најави дека се прават проценки за можните ризици за учениците од оваа платформа и врз основа на резултатите ке се донесе одлука
.„Доколку потврдат безбедносните институции, како што знаеме од неодамна и според информациите со кои располагаме, некои тик ток видеа од учениците, како предупредувања кои ги добивме од МВР. Ако ова може да се оцени како лош материјал, лоша причина за користење на тик ток, заедно со Министерството за информатичко општество, Агенцијата за електронски комуникации и други институции кои се во делот за функционирање на тик ток ќе ги истражиме сите можностите како да се користи Тик Ток како апликација“, вели Јетон Шаќири.