Пристоен стан во Риека, на добра локација, со буџет од сто илјади евра е невозможно да се најде, а многумина можат само да сонуваат за нов стан.
„Просечниот хрватски граѓанин треба да има големи приходи, тој мора да биде кредитоспособен бидејќи квадрат е до три илјади евра“, изјави за ХРТ агентот за недвижности Тамара Абрам.
Трст, 60 километри оддалечен, е друга приказна.
„Цената на квадрат во строгиот центар на градот, во зависност од локацијата, се движи од 2.200 до 2.700 евра. На само неколку километри можете да најдете станови по многу поприфатлива цена“, вели сопственикот на агенција за недвижности, Лоренцо Адами.
Според новинарот Борн Шмер, стан од педесетина квадратни метри, за кој не е потребна голема инвестиција, може да се купи за околу седумдесет илјади евра.
„Пазарот на недвижности во Трст никогаш не доживеал големи флуктуации на цените. Тие никогаш не се зголемиле или паднале прекумерно. Тие секогаш се на исто ниво“, рече агентот за недвижности Паоло Аита.
Затоа и цените се поповолни и покрај повисокиот стандард и плати. Малку се гради, но многу се реновира бидејќи и државата го поттикнува.
„Ако едно семејство има две плати и е кредитоспособно, не му е голем проблем да купи стан и да го реновира или да купи веќе адаптиран стан надвор од центарот“, вели градежникот Серџо Савини.
Нови згради во Кварнер никнуваат една по друга, но и покрај тоа старите недвижности достигнуваат вртоглави цени. „Нема станови, па луѓето се принудени да го купуваат она што е на пазарот и понекогаш да ја преплаќаат вредноста на тој стан“, вели Абрам.
Но, не е сè толку мрачно, бидејќи кириите во Трст се триесет до четириесет проценти повисоки отколку во Риека. Истиот ден кога објавуваме стан за кирија од 600 евра, ни се јавуваат четириесетина“, вели Адами.
Но, судејќи според трендовите на пазарот, слични огласи наскоро би можеле да се појават и во Риека, пренесува ХРТ.
Извор: faktor.mk