Канадска „Магна“ почнува со изградба на фабрика во Штип. Фабриката произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“.
„Магна“ се вбројува меѓу најреномираните светски компании, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на производителите на автомобили во светот.
Втората фабрика е уште една одредница за проширување на работата, за зголемување на можностите на регионот и за поддршка на клиентите со иновативни производи, изјави Дејвид Креспи, потпретседател на „Магна Интернационал“. Тој посочи дека компанијата е благодарна за владината поддршка и потврди дека остануваат посветени на истражувањето дополнителни можности за раст.
„Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион, со плати 20 проценти над државниот просек, потенцира директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, кој посочи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на поставување камен темелник за нова фабрика.