![Еве што треба да направите со сунѓерот по секое миење: Значително ќе го намалите прекумерниот раст на бактериите](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f5/ce15f25f-resize-820x0x100.jpg)
Кујнскиот сунѓер се смета за еден од највалканите предмети.
Миењето садови може да биде многу досадна работа. Подготовката на еден оброк често резултира со полн мијалник. Колку и да е тешко, потребно е да се обрне внимание на сунѓерот. Тој се смета за еден од највалканите предмети, на кој може да се размножат голем број бактерии.
Остатоците од храна и влажната средина фаворизираат многу штетни микроорганизми. Затоа, после секое миење треба да направите една работа за да се ослободите од остатоците од храна и да го намалите процентот на бактерии.
Она што треба да го направите е прво да го ставите сунѓерчето во сад и да го посипете со една лажичка сол. Додадете една лажица оцет и на крај зовриена вода.
Оставете така да стои 15-20 минути, а потоа исплакнете го сунѓерчето под млаз ладна вода. На тој начин ќе биде подготвено за следното перење, а на овој начин можете да му го продолжите животниот век.