Сапунот е најголем виновник
Истражувањата покажаа дека досадните комарци можат да бидат привлечени од сапунот што го користиме…
Пролетта е време од годината кога сè се буди, вклучувајќи ги и не толку омилените комарци. Годинава се појавија рано, па првите комарци можевме да ги забележиме на крајот на април. Како што истакнуваат научниците, причина за тоа е зголемувањето на температурата, односно климатските промени.
Исто така, истражувачите откриле дека комарците можат да бидат привлечени од сапун бидејќи кога не се хранат со крв, тие го дополнуваат внесот на шеќер со цветен нектар. Студијата покажа дека мирисот на сапун може да ве направи попривлечни за комарците.
„Фактот што ги земаме тие цветни, овошни мириси и ги ставаме на нашите тела, тогаш ги привлекуваме комарците не само со нашиот природен мирис на кожата, туку и го мирисаме цветот“, рече Клеман Виноје, кој ја водеше работата на Универзитетот во Политехничкиот институт во Вирџинија.
Сепак, истражувањето исто така забележува дека ефектите на сапунот варираат од личност до личност, веројатно поради интеракцијата помеѓу сапунот и уникатниот профил на мирис на секоја личност. Научниците заклучија дека изборот на сапун делумно може да објасни зошто некои луѓе се магнети за комарци, додека други поминуваат без ниту еден залак.
Во истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието „iScience“, учествуваа четворица волонтери кои обезбедија примероци од ткаенината што ја носеа пред капење или после миење со четири различни марки сапун. Користена е крпа, наместо директно изложување на волонтерот, за да се исклучат ефектите од издишаниот јаглерод диоксид, уште еден важен фактор за привлекување комарци.
Излегува дека сапунот со мирис на кокос најдобро ги отфрла комарците, особено затоа што постојат докази дека кокосовото масло природно ги отфрла комарците.