![ЈСП информира: Скратени траси на 3 и 3Б, линијата 25 времено нема да сообраќа](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f5/896bc45f-resize-820x0x100.jpg)
Во недела (21.05.2023), поради одржување на спортско-рекреативната манифестација „Прв до врв“, во период од 9:30 до 10:30 часот, линиите 3 и 3Б ќе сообраќаат до стојалиштето Клинички центар.
Линијата 25 нема да ги реализира поаѓањата во 9:20 и 10 часот од Транспортен центар, односно во 10 и 10:40 часот од Средно Водно.
Посочената линија ќе продолжи да функционира вообичаено почнувајќи со термините за поаѓање во 10:40 часот од Транспортен центар, односно 11:20 часот од Средно Водно.