Грција, медитеранска земја која се натпреварува со Хрватска, Црна Гора и другите летни дестинации во привлекувањето туристи има недостаток од сезонски работници.
Грција, како и Хрватска, се соочува со недостиг од вработени во туризмот. На земјата со 10,6 милиони жители ѝ недостигаат околу 80.000 работници, па затоа се надева на договори со Египет, Сирија, Бангладеш и Пакистан за привлекување луѓе таму, објави минатиот месец порталот Greek Reporter.
Хаѕилазару од H Hotels Collection забележува дека е неопходно да се подобрат условите за работа на сезонските работници, да се обезбеди обука на вработените и да се продолжи сезоната надвор од летото. Но, прашање е дали Грција има време, бидејќи веќе во април, туристите се натрупаа.
„Во Атина пристигнаа 50 отсто повеќе гости отколку во истиот период минатата година. Повеќето од нив се млади луѓе кои повторно почнаа да патуваат по пандемијата“, вели претседателот на управата на аеродромот во Атина, Јанис Параскис.
Тој забележува дека аеродромот е „во преоден период по пандемијата“. Минатиот месец таму слетале 3,5 отсто повеќе патници отколку во истиот месец од 2019 година, кога коронавирусот сè уште не избувнал.
Извор: kajgana.com