Вработените во секторот Компјутерско програмирање повторно земаат највисоки плати во Македонија. Според статистичките податоци, тие за месец март земале во просек по 90.000 денари.
На втората позиција следат вработените во секторот „останати стручни, научни и технички дејности“, кои добиваат плата од 59.368 денари.
На третата позиција се вработените во секторот „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ каде просечната нето плата во март била 55.221 денари.
Вработените во секторот „Вадење на руди на метали“ се четврти на списокот со просечна плата од 52.323 денари, додека на петто место се „Финансиски услужни дејности, осовен осигурување и пензиски фондови“ со просек од 51.989 денари.