Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 24 санкции за немање возачка дозвола, 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, три мерки за возач почетник, 47 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.
Извор: press24.mk