Во последниве неколку години најисплатлива инвестиција за граѓаните се недвижностите.
Ова го потврдуваат од градежниот сектор од каде за Денар велат дека и покрај растот на цените на станбениот простор кај граѓаните не запира интересот за купување, како на новоизградени станови, така и за старите градби.
Новите становите се веќе поскапи за 20 отсто во однос на лани, а градежниците најавуваат дека до крајот на годинава со плус 20 отсто раст на моменталната цена ќе се стави крај на зголемувањето на вредноста на недвижностите.
Тоа значи ако стан од новоградба пред кризата изнесуваше 1400 евра за метар квадратен сега таа цена е повисока за плус 20 до 25 отсто повисока.
„Поскапувањето на старите станови е последица на тоа што се случува во градежниот сектор во последниве две години. Но, да бидеме објективни, ова е пазарно општество. Во таква состојба, најголем удел за тоа колку ќе чини еден стан е односот на понудата и побарувачката. Сега ги чувствуваме последиците на мораториумите, периодот во кој не се градеше, и граѓаните добија можност да ги понудат и своите станови на продажба по повисока цена, бидејќи нови нема, или нема доволен број на нови станови“, велат од Здружението на градежници.
Целиот текст прочитајте го на: denar.mk