На Фејсбук групата „Во живо од Грција“, корисничка сподели ценовник од еден од баровите на плажата Лагониси во Ситонија, по што следеше вистинска мала расправија, но не за цената на кафето или соковите, туку за лежалките во првиот ред.
Лагониси денес. Од 01.06 првиот ред лежалки чини 15 евра по лице, пијалоците се доплаќаат“, напиша таа.
Во коментарите кои се појавија корисниците напишаа дека не е скапо, а дека и во следните редови цената за изнајмување е пониска. Но, имаше и такви кои изнајмувањето лежалки го гледаа како непотребно фрлање пари, поради, како што пишуваа повеќето, постоечката природна сенка.
"Зошто те ограбуваат? Никој не те тера да одиш во првиот ред. Значи тие живеат од туризмот. Тие што не го сакаат тоа, не треба да одат", рече член на групата.