Една дамка е доволна за вашите омилени патики повеќе да не изгледаат совршено, нели?
Чистењето бели обувки е тешка задача. Во нив, секако, можете да излезете само на суво и сончево време, а можете да користите некои професионални средства за чистење. Но, што ако тие не ви се достапни? Ви останува да примените некој од домашните методи.
Без разлика кој метод ќе го изберете, не заборавајте прво да ги извадите врвките, а потоа правилно да ги намокрите патиките со топла вода. Обидете се прво да исчистите мало парче за да проверите дали се оштетува материјалот.
Прашок за перење или сода бикарбона
Измешајте го средството за чистење со малку топла вода додека не се формира паста. Земете стара четка за заби и со кружни движења втријте ја смесата во патиките, особено внимавајќи на гумените делови и највалканите места. Исплакнете ги патиките во топла вода, а потоа исушете ги со чиста крпа и проверете дали има дамки. Ако дамката остане, тогаш повторете ја постапката.
Паста за заби
Ги чистиме патиките како што ги четкаме забите. Клучно е да користите бела паста со флуор, без други адитиви. Откако ќе ја нанесете на патиките, почекајте 10 минути и потоа избришете ги со влажна крпа. Повторете го чистењето доколку е потребно.
Мешавина од оцет и сода бикарбона
Лажица прехранбен оцет, исто толку топла вода и сода бикарбона. Нанесете ја смесата со четка за заби на гумениот ѓон и платнените делови од патиката. Онаму каде што дамките се упорни, може да се користи малку повеќе смеса. Потоа, патиките треба да се измијат со топла вода и да се стават на топло, сончево место да се исушат.
Сок од лимон
2 лажици свежо исцеден сок од лимон треба да се измешаат со две лажици вода. Потоа натопете крпа во оваа смеса и нежно избришете ја целата површина со неа. После тоа, не е неопходно да се плакне со обична вода.
Компиров скроб и млеко
Овој метод е најсоодветен за кожени патики. Скробот и млекото измешајте ги во сооднос 1:1 додека не се формира паста и густо намачкајте ја на патиките. Почекајте неколку минути и измијте ја смесата со крпа натопена во топла вода.