Пивара Скопје го отвори конкурсот за пријавување на учество во Програмата за летна пракса, Coke Summership, кој трае до 1 јуни 2023 година.
Станува збор за програма наменета за сите студенти кои се во завршна година од своите додипломски студии, или пак за студенти кои се на магистерски студии на било кој Универзитет во земјата.
Целокупната програма е структурирана на начин секој од учесниците да има можност да работи самостојна работа, но и работа во тим во рамки на проекти. Вклученоста на учесниците им овозможува да го активираат своето аналитичко размислување, да истражуваат, да работат креативна работа и секако да развијат преговарачки и продажни вештини.
Coke Summership трае 4 недели и истите се исполнети со активности и задачи кои имаат за цел да понудат богато искуство и знаење на секој од учесниците. Секој учесник во летната пракса има свој ментор кој го поддржува и води низ целокупното Coke Summership искуство. Учесниците имаат можност да тестираат, да истражуваат и да ги поместуваат сопствените граници, да преземаат иницијатива, да работат на реални и креативни проекти и да дадат свој печат во нив.
Оваа година програмата ќе се одвива во текот на месец јули, односно од 3 јули до 28 јули, а сите заинтересирани може да аплицираат ТУКА, најдоцна до 1 јуни 2023 година.
Важен дел од летната пракса е стекнувањето искуство на терен, основата и најзначајниот дел во Пивара Скопје, а тоа на учесниците им овозможува да се стекнат со преговарачки и продажни вештини од една страна, но и да научат како функционираат софистицираните продажни канали на компанијата.
Учеството во Coke Summership на студентите им овозможува да откријат каде се гледаат себеси во иднина и како сакаат да го започнат својот кариерен пат.
Секој учесник на летната пракса по завршувањето добива Сертификат за учество од Пивара Скопје, а исто така секој од уесниците по завршувањето на Програмата поминува низ кариерно интервју во компанијата кое ќе му даде можност за понатамошен ангажман во Пивара Скопје и вработување.
Повеќе детали за Coke Summerhsip може да прочитате на cokesummership.mk
Во Пивара Скопје оваа програма се спроведува веќе четврта година по ред и досега повеќе од 450 млади луѓе покажаа интерес да бидат дел од неа. Во изминатите три години околу 50 учесници ја поминаа програмата, дел од нив продолжија со практикантска работа, а дел се веќе вработени во компанијата.