Телекомуникацсиката компанија Vip ја збогати својата понуда со кретивен тракинг уред наменет за вашите миленици. Со овој уред сопствениците ќе можат да го следат движењето на нивните домашни миленици, како и локацијата во било кое време користејќи Andrioid/iOS апликација.
Нема потреба да се грижите дека вашето милениче ќе се изгуби, затоа што со MyKi Pet тракерот, секогаш ќе знаете каде точно се наоѓа, велат од Вип.
Уредот MyKi pet тежи само 28 грама и е произведен од нетоксични и безопасни материјали. Приспособлив е за мачиња и кучиња, и истиот лесно може да се постави како на мали, така и на поголеми домашни миленичиња.
Преку GPS, LBS и Wi-Fi локализацијата се овозможува прецизно лоцирање на миленичето со точност до десет метри. Сопственикот може да постави безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка, и доколку миленичето ја премине оваа зона, сопственикот во истиот момент ќе добие нотификација.
MyKi Pet тракерот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел Vip MyKi Pet со претплата од 199 денари месечно.
Само уредот чини 3 999 денари.