Со почеток во 19 часот, овој петок во Галерија Акантус ќе се отвори хуманитарната изложба “Culture Meets Social Cause” на која ќе бидат изложени дела со спреј на платно коишто вработените на BREON и резидентите на домот за стари лица “Резиденција Дабески“ заеднички ги направија на последниот Social Friday настан кој се одржа на 14. септември
Social Friday е глобална иницијатива за корпоративна општествена одговорност којашто започна токму во BREON, а моментално брои околу 9.000 поддржувачи ширум светот. Целта на иницијативата е да се мотивираат и другите компании да го искористат непродуктивното петочно попладне за волонтерски активности во својата локална заедница.
Така, за својот 8-ми по ред Social Friday, тимот на BREON одлучи последните два часа пред почетокот на викендот да ги искористи за волонтерски активности во домот за стари лица “Резиденција Дабески“ кадешто заедно со нашите постари сограѓани и неколку графити артисти цртаа со спреј на платно.
Делата кои старите лица ги нацртаа со помош на графити артистите и вработените на BREON ќе бидат изложени од овој петок (12 октомври) во Галерија “Акантус“, а изложбата ќе може да се посети од денес па во следните две недели.
Сите приходи од продажбата на делата ќе бидат искористени за хуманитарни цели, односно ќе бидат донирани во домот за стари лица – Резиденција Дабески.
Кон Social Friday иницијативата може да се приклучи било која компанија којашто е подготвена да покаже дека не се грижи само за своите клиенти, туку и за својата општествена заедница.
Повеќе информации за Social Friday иницијативата и за тоа како може да се приклучите, може да најдете на официјалната страна www.socialfriday.org.