Започна сезоната на одмори, а традиционално Македонците и Србите најчесто ја избираат Грција како дестинација за летен одмор, која е и најевтина и најпосакувана и за нашиот народ со оглед на близината.
На популарната Фејсбук група, „Грчка инфо“ која ги собира љубителите на Грција, една туристка од Србија сподели слика од цените на овошјето и зеленчукот во Паралија.
Како што гледаме на фотографијата, килограм домати, свежи кајсии, нектарини и банани чини едно евро.
Од друга страна, едно евро чини и поголемо парче лубеница, додека килограм цреши е поскапо за уште едно евро.
Жената се осврна и на цената на маслиновото масло во продавниците, која варира од 26,85 евра за три литри до 29,99 евра за четири.
Под овој пост, коментарите експлодираа.
„Паралиа е мајка“, „Ќе се онесвестам, цените се сосема реални и не напумпани“, „Браво Грци, ова фер“ - ова се само дел од нив.