Занимањата во државна служба отсекогаш биле ценети во овие простори. А поштарите се вистински државни службеници, а и се униформирани.
Кога „Пошта“, претходно, ќе распишеше конкурс за вработување, телефоните непрестано ќе ѕвонеа, а секторот за човечки ресурси ќе беше преплавен со барања и препораки. Но, денес веќе не е така.
Хрватската пошта, на пример, бара 134 работници – поточно 108 поштари за обична или брза испорака, 17 оператори во пошти, шест доставувачи на весници со ноќна работа, двајца професионални возачи и една чистачка – и не се знае дали ќе можат да ги најдат.
Проблемот не е во условите на конкурсот, се бара основно или тригодишно средно училиште, туку во платата, пишува „Слободна Далмација“.
Просечната плата на поштар во Хрватска, со бонуси за учинок, е околу 700 евра нето месечно.
Поради ова, многу поштари во изминатите години го смениле занимањето или заминале во странство.
Синдикатот наведува дека ваквата состојба е неодржлива на долг рок.
Поштарите на терен се соочуваат и со бројни повреди при работа.
Минатата година биле евидентирани околу 270 повреди. Полесно или потешко биле повредени 167 работници на „Хрватски пошти“, од нив 23 загинале на пат до и од работа, 18 поштари биле каснати од куче, а дури 61 се повредени во разбојнички напад, се наведува во текстот на „Слободна Далмација“.
Извор: aktuelno.mk